Героски за телефонскиот разговор помеѓу Шекеринска и Фатмир Бесими- „Началничке“, те послуша ли Фатмир?

Откако  Ел Чека објави уште еден прислушуван разговор каде тврди дека на снимката се слушаат гласовите на Радмила Шекеринска и поранешниот вицепремиер Фатмир Бесими. Телефонскиот разговор кој трае две минути е од периодот на локалните избори во 2013-та година.. Во снимката се слуша како Шекеринска бара од Бесими нивниот претставник во Државната изборна комисија да гласа принципиелно за победата на социјалдемократите во Центар и Куманово.

Бранко Героски за Плусинфо напиша:

„Разбирам зошто Радмила Шеќеринска во 2013 година имала потреба да инсистира членовите на ДИК да гласаат според законот и според сопствената совест. Се сеќавам на изборните кланици во 2013 и во 2014 година. И самиот три пати гласав за Жерновски и страхував за исходот…’

‘Но, „макијавелистичката“ одлука на Шеќеринска работата да ја заврши јавувајќи му се по телефон на Фатмир Бесими, за овој да ургира кај членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, не ја одобрувам. Лично мислам дека тука нема прекршување на законот, но таа нејзина одлука е неетична и е во духот на „началникувањето“ во политиката, феномен против кое заеднички се бунтувавме.’

‘Радмила Шеќеринска, како втор човек на СДСМ, партија учесник во изборите, имала многу можности институционално да се бори членовите на ДИК да постапуваат според законот и според совеста. Можела да апелира на прес-конференција. Можела да ги повика на одговорно поведение со посебна изјава, во интервју, на телевизија, на социјалните мрежи…

Целата статија на Плусинфо.

- Реклама -