Економско чудо: Сингапур ги отстранува САД од престолот на најконкурентните економии

Сингапур ги елиминираше Соединетите држави од првото место во годинашниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум.

Во извештајот се анализира конкурентноста на економијата со мерење на фактори како што се макроекономската стабилност, инфраструктурата, пазарот на трудот и иновативниот капацитет.

Сингапур годинава ја „турна“ најголемата светска економија на второто место а, азискиот град-држава да добие највисок рејтинг за својата инфраструктура, здравството, пазарот на трудот и финансискиот систем.

„САД остануваат сила на иновации, и покрај загубата на Сингапур“, се вели во извештајот.

Еден од „виновниците“ за успехот на Сингапур и Виетнам е токму трговската војна помеѓу САД и Кина.

Во извештајот се вели дека две азиски економии имаат корист од глобалните трговски тензии, бидејќи трговијата им се пренасочува на овие земји.

Виетнам „заработи“ десет поени од минатата година, искачувајќи се на 67-то место од 137 земји. Увозот на САД од Виетнам се зголеми за 36 проценти во првите пет месеци од оваа година, бидејќи компаниите го префрлаат производството од Кина во Виетнам и другите земји од Југоисточна Азија за да избегнат плаќање на високи тарифи.

Сепак, трговската војна има негативни последици бидејќи Сингапур се потпира многу на извозот и ја смета Кина за најважен партнер.

Имено, Сингапур ја прекина прогнозата за раст на БДП во август и бележи најслаб годишен раст уште од глобалната  светска финансиска криза во 2009 година.

На врвот се најдоа и Хонг Конг, Холандија и Швајцарија. Хонг Конг се искачи на четири места од минатата година, и покрај политичката криза.

„Зголемената трговија и геополитичките тензии ја поттикнуваат неизвесноста низ целиот свет и го зголемуваат ризикот од глобални проблеми со синџирот на снабдување, наглото зголемување на цените или со прекинувањето на расположивите клучни ресурси“, се предупредува во извештајот на Светскиот економски форум.

 

- Реклама -