Пронајдени фосили стари 310 милиони години: „Први од ваков вид од овој период“

СПОДЕЛЕТЕ

Две петнаесетгодишни деца од Халифакс откриле фосилни траги на влекачи, водоземци и безрбетници долж брегот на Големито езеро во Њу Брансвик.

Мет Стимсон, помошник-кустос по геологија во музејот Њу Брансвик, изјави дека трагите се стари 310 милиони години и се први од ваков вид од тој период.

Според него, ова откритие ја исполнува празнината во историјата на Њу Брансвик.

Тој напоменал дека има многу растителни фосили од таа ера кои што се пронајдени во таа област, но не и  нешто што би  покажало дека животните биле таму во времето кога оваа провинција била тропско мочуришно подрачје.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ