Ученичка од Јапонија добила петка на нејзиниот празен тест

СПОДЕЛЕТЕ

Една јапонска ученичка на час по историја предала празен тест за кој што добила петка,  професорот открил дека тестот бил напишан со невидливо мастило.

Еми Хага се послужила со техниката “aburidashi”. Оваа техника е позната по тоа што ја користеле нинџите. Таа со часови ја натопувала и гмечела сојата како би можела да го направи мастилото.

Буквите се појавиле во оној момент кога професорот листот хартија го ставил над пламен.

„Тоа го научив како мала од една книга“, изјавила Хага за Би-Би-Си. „ Се надевав дека никој нема да се сети на оваа техника“ – додаде таа.

Хага уште како мала била заинтересирана за нинџи, тајни агенти и yбици од средновековна Јапонија, додека како мала гледала цртани филмови.

 

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ