Во Зоолошката градина ќе се гради парк со диносаурси во природна големина (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Во Зоолошката градина во Скопје ќе никне тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за поситетлите од сите возрасти кои што ќе сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни.

Изградбата на Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни мерти, а во него ќе бидат поставени 41 фигура од различни видови на праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења проследени со звуци.

Предвидени се околу 20 милиони денари за овој прак, а отворањето е планирано за следната година.

Дино паркот ќе има два влеза: од внатрешноста на зоолошката градина и влез од североисточната страна, патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.

Билетот ќе изнесува 50 денари со неограничено време на престој.

– „Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде што ќе има толкав број диносауруси, како и едукативна содржина за секое од овие праисториски животни. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот“, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Повеќе на СИТЕЛ.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ