Во Австралија се превртел камион полн со пиво

Камион кој што пренесувал пива се преврте на најпрометниот автопат во Австралија, па поради тоа дел од патот со часови бил затвортен за сообраќај, соопшти полицијата.

Сè се случило во вторникот, на околу 300 километри северно од Сиднеј, а илјадници лименки на „Пивото Викторија“ (“Viktorija biter”)  го покриле автопатот.

Како што пренесува Ројтерс, возачот на камионот не бил повреден. Но, едниот дел од патот за  сообраќај бил затворен час и половина, додека траело расчистувањето, а дугиот дел од патот останал затворен дури седум часа.

24-годишниот возач не бил под дејство на дpoгa или алкохол, полицијата претпоставува дека несреќата настанала поради преголем замор на возачот. Инаку „ Пивото Викторија„ (“Viktorija biter”) уште по познато како ВБ (VB), е едно од најпродаваните пива во Австралија. На снимкатата која што ги преплави социјалните мрежи може да се види дел од нecpќeата.

 

- Реклама -