Мицкоски од Македонија ќе прави „тигар на Балканот“

СПОДЕЛЕТЕ

„ …Основните проблеми кои што ги мачат граѓаните ширум Македонија се безпарицата, сиромаштијата, но најмногу од сѐ е тоа што граѓаните во нашата татковина ја загубија надежта за подобра иднина, за перспектива, убедени се во безперспективноста. И луѓето, а посебно младите одлучуваат да ги спакуваат куферите и да ја напуштат Македонија и да ја градат својата иднина некаде далеку, во другите земји во Европа.

Некои одлучуваат да отидат и преку океанот во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија. Но, она што е трагично, е што секојдневно некој наш сосед, некој наш пријател, другар трајно не напушата и заминува поради разочарувањето, поради неисполнетите ветувања, поради нереализираните очекувања. А богами, изминатите речиси три години ги имаше многу“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во обраќањето пред ресенчани на граѓанскиот собир во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“.

Мицкоски рече дека знае и е свесен дека му претстои „тешка и пеколна битка“ за да го убеди секој еден човек дека тоа што го зборува СДСМ, Зоран Заев – дека сите се исти, не е точно.

„Тие тоа го зборуваат затоа што сакаат сопствената немоќ, сопствените лаги, сопствениот арамилук да го покријат со тоа што ќе предизвикаат еден вид апатија, разочарување, немоќ кај граѓаните да речат, па види еве и овие другите и овие од опозицијата се исти како овие од власта. Не се сите исти.

Не се сите исти затоа што организатор и реализатор на сите лаги, на сите кренати очекувања и уште поголеми разочарувања има име и презиме и политичка припадност а се вика Зоран Заев и СДСМ.

Власт во оваа држава, веќе трета година по ред е СДСМ и Зоран Заев. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следи ќе понудиме комплетно нови политики кои што ќе значат решение за сите проблеми. Оние кои што ќе можеме со тие политики да ги решиме. А оние кои ќе не можеме ќе кажеме чесно, честито и отворено, луѓе ние ова не можеме да го решиме поради тие и тие причини.

Тоа што ќе можеме парцијално делумно да го решиме, тоа што ќе ни треба малку повеќе време ќе кажеме луѓе за ова ни треба повеќе време, за ова ни треба помалку време. Ќе мора да бидеме трпеливи и да почекаме. Ќе има решение за тој проблем.

Сакаме отворено, чесно, честито без да се затвораме во сали, без да ги бираме гостите на нашите настани, и без да ги нарачуваме прашањата да разговараме со граѓаните, да ги слушнеме нивните маки и да покажеме дека Македонија може поинаку, дека Македонија има сила за поинаки, има капацитет. И Македонија, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија тоа го заслужуваат“, вели лидерот на опозицијата.

Тој додава и дека ВМРО-ДПМНЕ не се срами да излезе пред граѓаните и да разговара и онаму каде можеби во минатото некои политики на ВМРО-ДПМНЕ некому причиниле штета. Мицкоски вели дека ќе ги слушнат аргументите и на тие граѓани и ако се тие вистина, подготвени се, како партија, да побараат и прошка. Но, онаму каде што имало добри политики, а такви ги имало многу во минатото – вели Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ таквите ќе ги надгради и прошири, нудејќи истовремено нов концепт за функционирање на државата.

„Ќе понудиме и кадровско освежување кое што започна со вчерашниот ден, дел од 16темина стратешки соработници мои, ваши, на Македонија, беа презентирани на македонската јавност. тоа ќе продолжи и понатаму во периодот кој што следи. Веднаш со крајот на оваа акција за Обнова на Македонија, откако ќе добиеме од вас насока кои се вистинските проблеми иако да бидам искрен ги знаеме сите, можеби не сите, но повеќето од нив. Врз основа на тие проблеми да понудиме решенија а потоа доаѓа оној стратешкиот дел каде што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ, ќе зборуваме малку и за стратегијата, ќе зборуваме и за концептот како Македонија во иднина да биде тигар на Балканот…“, вели Мицкоски. Целото обраќање во продолжение, или прочитајте го ТУКА.

- Реклама -