Костадинов: Над 660.000 граѓани гласаа за ЕУ и НАТО, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и денеска уште се против

СПОДЕЛЕТЕ

„Почитувани граѓани, денеска се навршува една година од референдумот ‘За Европска Македонија’. Над 660.000 граѓани излегоа на референдумот, а близу 610.000 гласаа ‘За’. Ниту една политичка опција, ниту една политичка програма досега не добила толку масовна и јасно изразена поддршка“, порача портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов на денешниот прес на партијата, додавајќи дека граѓаните јасно и недвосмислено порачале дека се за ЕУ и НАТО и за напредок и сигурна иднина, преку прифаќање на Договорот од Преспа.

„Со својот мнозински глас, граѓаните упатија силна порака: сакаме иднина во НАТО и во Европската Унија.

Пред една година, единствени против европската иднина, против ЕУ и НАТО, беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие свесно избраа да не бидат дел од историската шанса“, рече Костадинов.

Тој оцени дека и денес, една година подоцна, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште работат против интересите на граѓаните и против ЕУ и НАТО.

„Единстено бранат криминал на поранешниот режим, заглавени во минатото на нивниот почесен и вистински претседател – Никола Груевски.

Кочењето на реформите и напредокот не даде резултат. Една година подоцна нашата држава е светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет“, велат од СДСМ.

Членството во НАТО е извесно и Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на Алијансата, а по спроведените реформи, со право очекуваат и датум и почеток на преговорите со Европската Унија, порача Костадинов, додавајќи дека СДСМ, како одговорна партија и носител на промените, ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, државата и иднината.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ