Home 365 Денес Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност, не можел да се пише како Македонец, смета Пендаровски

Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност, не можел да се пише како Македонец, смета Пендаровски

0
Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност, не можел да се пише како Македонец, смета Пендаровски

Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија, рече Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за тлевизијата Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чиј е Делчев рече дека тоа е неспорно.

Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

Пендаровски вели дека е неспорна каузата за која се борел Делчев и бара тоа двете страни да го констатираат.

Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?, рече Пендаровски.

Претседателот посочува дека не треба да се врши притисок врз членовите на експертската комисија со поставување рокови за постигнување на решение, а тоа му го посочил и лично на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Дискусијата за евентуалното заедничко чествување на личноста и делото на Гоце Делчев, е подолг период главна точка во работата на заедничката македонско-бугарска комисија.

Од досегашните седум средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувња на светит Кирил и Методиј, свети Климент, свети Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последиот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here