На утрешната седница на Бундестагот ќе се потврди одлуката за старт на преговори за Македонија и Албанија

СПОДЕЛЕТЕ

Двете големи владеачки партии во Германија ЦПД на чело со канцеларката Ангела Меркел и СДП, донесоа одлука со која што се одобрува почеток за преговори со Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ.

Двете партии сметаат дека на овој начин ќе се испрати важен сигнал за целиот регион. Пратеничката Барадари  од СДП која воедно е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата и најавува зелено светло кое ќе биде дадено на утрешната седница на Бундестагот.

 

– „Тоа што коалициските партии го ослободија патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е важен сигнал за европската интеграција на целиот регион“, изјави Барадари.

На оваа седница ќе присуствуа и вицепремиерот Бујар Османи. Тој на својата Фејсбук страна искажа благодарност до двете партии за подршката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„CDU/CSU штотуку ја донесе партиската одлука со апсолутно мнозинство за подршка на почетокот на преговорите со РСМ. Одлична најава за четврточното гласање во Бундестаг!
Благодарам ЦДУ/ЦСУ.Благодарам Канцеларке Меркел!“.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ