Ристиќ за поморот на риби во Вардар: „ Не ви тече Вардар у дневна па да си истурате шо сакате“

Утрово по долж течението на реката Вардар од Аеродром до Трубарево е забележан голем помор на риби. Причината се наведува загаденоста на водата во Вардар.

Случајот  утрово е пријавен во Центарот за управување со кризи од страна на жителите на населбата Аеродром.

За случајот со загадувањето на Вардар се огласи и еко-активистката Ирена Ристиќ:

-„Зошто е таков Вардар?! Еве, гледајте!
Инспекцијата искочила на терен и наводно е од каналот (а каналот се наоѓа после мостот близнаци, на потегот према Долно Лисиче. Информациите се дека директно доаѓа од Макстил, поранешна Железара, вели мојот извор кој го направи видеово).Чекаме резултати од инспекциската работа!!Не ви тече Вардар у дневна па да си истурате шо сакате, гомна мегаломански ненаситни!!!КАЗНА!!!“


 

 

- Реклама -