Се навршуваат 80 години од првото појавување на Бетмен

Логото на популарниот стрип  херој Бетмен, беше поставено во 13 градови низ светот. На зградите во Јоханесбург, Берлин, Токио, Мелбурн, Њујорк и др. Поводот беше прославување на 80 годишни од првото појавуање на овој супер херој.

Бетмен прв пат се појавил во 1939 година во 27. број на “Детективските стрипови”, и по некое време стекнал дотогаш невидена популарност.

Од DC Comics соопштуваат дека одбележувањето на годишнината од појавувањето на овој херој било во координација со многу издавачки куќи, книжарници и училишта од целиот свет.

Сопоред ликот на Бетмен се снимени многу филмови чиј што лик го глумеа многу познати актери: Џорџ Клуни, Мајкл Китон, Кристијан Бејл и др.

 

 

- Реклама -