Наскоро, Боки 13 на распит кај Русковска

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски познат како Боки 13 в понеделник ќе даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија од Обвинителството за НоваТВ.

Катица Јанева ќе даде исказ в вторник.

Јовановски е во притвор веќе два месеца и тој досега не беше повикан на распит кај Вилма Русковска. Тој ќе треба да се соочи со сите докази кои во меѓувреме ги собра Русковска додека трае истрагата за Рекет и во која беа сослушани повеќе десетици сведоци и лица од можеа да се добијат потребни информации.

Јанева даде исказ кај Русковска само еден ден пред Обвинителството да побара притвор, кој сега и е продолжен за нови 30 дена.

Во изминативе недели, Обвинителството води истрага за тоа каде се милион и пол евра кои според првичните сознанија бизнисменот Орце Камчев им ги дал на Боки 13 и Зоки Кичеец, но исто така Обвинителството води истрага за работата на Меѓународниот сојуз на Боки 13, преку кој се нуделе наводни проекти за изградба на старачки домови, за кои веќе се утврди дека од неколкумина бизнисмени биле префрлени пари.

Освен првите луѓе на Меѓународниот сојуз, во Обвинителството исказ даваа и бизнисмени како што се Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, и политичари меѓу кои беа Ременски и Кирацовски.

- Реклама -