Место до каде што бестрашните монаси се искачуваат за да бидат поблиску до Бога (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Луѓето за прв пат влегле во оваа неверојатна црква во 1944 година, по цели пет векови на напуштеност, и таму живеел само еден монах.

Катскиот столб е природен варовнички монолит кој се наоѓа во населбата Катска во регионот Имерети во западна Грузија. Висок е приближно 40 метри и е познат како „Столб на животот“ кај локалното население.

Низ вековите за оваа црква имало многу легенди кои што се кажувале, но истаржувачите за прв пат успеале да се качат дури во 1944 год, но по детални истражувања се направени дури во 1999 овие истражувања траеле се до 2009 год. Утврдено е дека црквата и манастирот кој бил дел од самата црква се изградени во 9 век, а списите кои што биле пронајдени потекнувале од 13 век.

Кога бил активен, комплексот бил населен со стилити, христијански аскети кои верувале дека животот на столбот ќе ги изолира од можните искушенија и ќе ги приближи до Бога преку молитва. Нивното верување вклучувало и физичко само казнување при што, тие верувале, дека на тој начин би ја спасиле сопствената душата. Покрај црквата и манастирот, пронајдени се и крипти за погребувања, три ќелии за пустиници и винарска визба.

Комплексот бил напуштен во текот на 16 век и се до 1944 на врвот на Катскиот столб немало ниту еден човек кој што влегол. Но, тогаш на група планинари предводени од Александар Јапардизе и писателот Леван Готу им успело да се искачат.

Освен рушевини тие пронашле и костур од последниот жител. Подоцна истажувањата кои биле објавени во 2006 год ги поткопале сомнежите дека на ова место се живеел екстремен аскетизам бидејќи бил пронајден вински подрум, кој што им бил на располагање на монасите.

Единствен жител

На катскиот столб живеел само еден човек, а тоа бил преобратениот поранешен затвореник и монах Махим Каватардас кој што одбрал самотнички живот и молитва, исто како и старите Стилити. Во рушевнината на црквата тој се вселил во 1993 год и цели 20 години не слегол од столбот.

Спиел во фрижидер за да се заштити од ветерот, дождот и снегот. Во 1995 година тој изградил нова црква на самата карпа и од тогаш животот многу му станал по лесен. Храна му носеле мештаните, а тој два пати неделно се симнувал за да се моли во капелата која што се наоѓала на подножјето на Катскиот столб.

– Овде, во тишина, може да се почувствува Божјото присуство. Кога бев помлад, пиев и продавав дрога. Кога завршив во затвор, знаев дека морам да променам нешто. Пиев со пријателите во ридовите, со поглед на овој столб. Дури и тогаш, чувствував голема почит кон монасите што живееле тука со векови “, рече тој.

Денес никој не живее горе, но црквата редовно ја посетуваат монаси кои живеат во подножјето, а тие дневно се искачуваат и по 20 минути не плашејќи се од тенките железни скалила. Тие велат дека горе се чуствуваат поблиску до Бога.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ