Заев во понеделник на генералното собрание на ОН

СПОДЕЛЕТЕ

Од понеделник до сабота на 74 -то генералното собрание на Обеднинетите нации ќе присуствува и наша делегација која ќе биде предводена од премиерот Зоран Заев.

Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот за европски прашања Бујар Осамни, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Официјално обраќање на Генералното Собрание на ОН од премиерот Заев се очекува во сабота во претпладневната  сесија.

Тие ќе учествуваат на четирите самити кои годинава се посветени на климатските промени, на универзалниот пристап до квалитетни здравствени услуги, на целите за одржлив развој и финансирање на развојот.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ