Пapтизан ја зeзнa УЕФА: Поради забpaната за навивачи, на трибините собра 22.000 деца! (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Поради казна од УЕФА, на синоќешното гостување на АЗ Алкмар во Белград на првиот натпревар во групната фаза од Лигата на Европа, Партизан мораше да игра без своите навивачи. Арно ама, нешто што досега беше вообичаено во вакви ситуации, овојпат се покажа како начин да се заобиколи забраната на УЕФА, а сепак во рамките на правилата.

Имено, на трибините на Партизан се случи нешто што никогаш не се случило – трибините ги наполнија над 22.200 деца на возраст под 14 години, и тоа од Србија, БиХ, Косово, па дури и Македонија, создавајќи извонредна навивачка атмосфера.

Како што објаснуваат од УЕФА, во досегашната пракса е вообичаено да се дозволува присуство на деца под 14 години на натпреварите на клубовите кои се казнети да играат пред празни трибини, но никогаш тоа не се случило во толку голем број, ниту пак некој некогаш очекувал дека некој клуб ќе може да собере полни трибини деца.

„Досега немало повеќе од 3.000“, велат од УЕФА.

Натпреварот заврши со резултат 2:2.

виа Екипа.мк

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ