Црн пантер прошета по покривите на куќите во француски град (ФОТО/ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Луѓето од францускиот град Armentières, дел од мрежата градови чиј главен град е Лил, не можеле да си поверуваат на очите кога на покривите забележале црн пантер.

Пожарникарите го примиле повикот околу 18 часот, а се покажало дека се работи за диво животно старо околу 6 месеци, а тешко околу 20 килограми, кое било илегално чувано во домот на жител на населбата. Пантерот избегал низ отворениот прозорец на куќата, додека сопственикот бил на одмор.

„Ни се чинеше дека и животното е исплашено што се наоѓа во таква позиција“, вели Антон, еден од соседите кој го видел пантерот, кој пристигнал на местото кога полицијата поставувала безбедносен периметар. Според него, полицијата изгледала збунето и немала јасен план како да се справи со ситуацијата.

„20 години го работам ова и никогаш не сум видел вакво нешто“, вели еден од полицајците.

„Тажно е што луѓе чуваат такво животно во така мала куќа“, додава Антон.

Според локалниот весник „La Voix Du Nord“, животното во неколку наврати влегувало и излегувало од прозорите, а во една од куќите се нашло лице во лице со 15-годишно девојче, кое успеало да избега. Според „The Independent“, пак, пантерот бил релативно спокоен за целото тоа време, повремено застанувајќи да гледа како минува воз во близината или да набљудува домашна мачка. Луѓето што ја виделе следнава глетка на нивниот прозорец, пак, можеби и не мислеле така:

Ситуацијата добила среќна завршница кога пантерот повторно влегол низ прозорецот во домот од каде избегал, а пожарникарите брзо го искористиле моментот за да потпрат скали и да го блокираат прозорецот за да не може животното повторно да излезе. Следен на потег била ветеринарната служба, која го застpeлала пантерот со анестетик за да го успие. Потоа пожарникарите го ставиле пантерот во кафез и го пренеле до локалната организација за заштита на животни, од каде бил префрлен во адаптирана зоолошка градина.

„Нашиот мал гостин утрово замина во зоолошки парк каде ќе го пречекаат во подобри услови. Нов живот почнува за неа!“, напишаа на Фејсбук од организацијата Animal Protection League.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ