Филмска бркотница по автопат: Полицијата половина час се обидувала да го фати избеганиот ему

Сообраќајната полиција во Калифорнија минатиот петок половина час се обидувала да го фати избеганиот ему кој трчал по автопатот.

Птицата била фатена на автопатот Калифорнија 99 и однесена во засолниште за животни во округот Мадера.

Птицата, за која прво се верувло дека е ној, била забележана како талка по автопатот во време кога сообраќајот бил многу прометен. Сепак птицата била фатена неповредена со јамка за кучиња.

„Сите гледаа. Никој не знаеше што би можела направи птицата“, рече полицискиот портпарол Грегорио Родригез. „Можеше да заврши многу полошо“.

Емуи се едни од најголемите птици во светот веднаш по нојот. Оваа австралиска птица може да достигне висина и до 1,82, а да тежи и до 54 килограми.

- Реклама -