ВИДЕО: Автомобил во Русија погоден од молња двапати за помалку од секунда

Возило марка „Тојота“ во Русија останало со празна батерија откако додека се движело на магистрала во Новосибирск било двапати погодено од молња, за многу краток временски период. Сето тоа е фатено на камерата на Галина Ерсхова, која возела зад „Тојотата“, а блесоците биле толку силни што привремено ја заслепиле, објави „Russia Today“.

Благодарение на принципот наречен Фарадеев кафез, сите патници од автомобилот се добри, иако возачот, Ана Наказник, е изненадена што никој од очевидците не ѝ пришол за помош по бизарниот настан.

- Реклама -