За тие што при првите симптоми трчаат во аптека по антибиотик, повелете изберете си

СПОДЕЛЕТЕ

Ова подоле е слика од резултат направен при испитување на урино култура кај одреден пациент. Горе на сликата стои дека на пациентот му е најдена бактерија Pseudomonas aeruginosa и тоа во голем број. Во левата колона се наведени 24 различни антибиотици за кои во клинички испитувања е утврдено дека во голем процент ја „yбивaaт“ дадената бактерија. Во десната колона пишува како реагира оваа бактерија на овие 24 антибиотици во конкретното испитување на овој пациент, односно на кој од овие антибиотици бактеријата е чувствителна, односно кој од нив може и ќе биде препишан за истата да се искорени кај дадениот пациент, објаснува Марија Петреска на Фејсбук. За оние кои послабо стојат со англискиот, „resistant“ значи „отпорна“.

Токму така, бактеријава во случајов е отпорна на сите 24 антибиотици – што е исход на каков што веќе подолго време алармираат научниците, а кој произлегува од прекумерната употреба на антибиотици за сѐ и сешто, и кога треба, и кога не треба.

„Затоа, оваа слика е наменета за оние пациенти кои при првите симптоми доаѓаат прво во аптека и бараат антибиотик, а кога од таму ќе бидат одбиени одат кај докторите ‘наредувајќи им’ да им препишат антибиотик (еве одберете кој)“, пишува Марија.

Оваа слика е и за оние кои успеале да се снајдат со антибиотик, ја започнале терапијата, а кога симптомите се намалиле – ја прекинале, со што бактеријата станала уште поотпорна и посилна, додава таа.

„Слика наменета и за родителите кои се лутат кога докторот нема да им препише антибиотик за настинката на нивното дете, за оние кои мислат дека болката во грлото можат и треба да ја решат со трите магични апчиња од 500 милиграми.

За сите вас, на сликава е прикажана бактерија отпорна на сите антибиотици, создадена од човекот“, порачува Петреска.

Кредитс: Петреска, на Фејсбук. Извор: ОФФ.нет

PS. За неупатените, накратко прочитајте овде: „Претерано претеравме со антибиотици“ (ЛИНК)

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ