Твитерџија „го просветли“ Балканот: Еве од каде доаѓа името Телетабиси

Еден српски твитерџија викендов го имал најпопуларниот пост на Балканот, тврди хрватски „Индекс“, и тоа единствено поради тоа што „ја открил мистеријата“ околу името на популарните (повеќе на Западот отколку на овие простори) Телетабиси. Судејќи по реакциите, не бил единствениот што не знаел, или поточно, никогаш не се запрашал.

Во твитот, StevJo иронично си честита што дури по 23 години живот на планетава сфатил дека Teletubbies се викаат така затоа што имаат телевизор на стомакот. Другите корисници, пак, му порачаа да не биде престрог кон себе, бидејќи може и полошо – тие, дури и иако се постари, тоа го сфатиле токму од неговиот твит.

Да објасниме поконкретно: „Tele“ доаѓа од телевизорот на стомакот, а „Tubby“ е нагален збор за некој што е ситен, а дебел, во смисла на нашиот израз „полничок“… Логично, нели? Ние, еве, ќе отидеме и чекор подалеку, па ќе претпоставиме дека тоа на главата им се антени.

Ете, сега кога знаете, правете со информацијава што сакате.

- Реклама -