Се очекува да започне седницата за разрешување на Јанева

За денес во 13 часот е закажана собраниската седница за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.

Најавено е дека од секоја политичка партија да има по еден пратеник кој ќе им  излагање на собраниската говорница, поради тоа не се очекува седницата долго да трае.

Комисијата за избори и именување зад затворени врати едногласно и без дебата донесоа заклучок да му предложи на Собранието, Јанева да биде разрешена. Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители.

На оваа пленарна седница ќе се расправа само за разрешувањето на Катица Јанева

Повеќе Тука.

- Реклама -