МКД.МК: Со фалсификувано свидетелство станал полицаец, завршил факултет и станал инспектор

СПОДЕЛЕТЕ

Пријавениот од 17 јуни 2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование во која биле внесени лажни податоци за број од главна книга, печат на дипломата, лажен потпис од директорот и лажни податоци за положени предмети и постигнат успех. Исто така, пријавениот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години.

Ваквата лажна диплома, пријавениот ја употребил и приложил како доказ за завршено средно образование на објавениот конкурс во МВР во 2002 година за вработување на полициски службеници, каде бил примен на работа како полицаец и работел најпрво во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен, а неколку години подоцна и во полициската станица за граничен премин Стење при Регионалниот центар за гранични работи Запад. А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола, а во 2012 година и по трет пат при упис на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, каде дипломирал во 2014 година. Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција – инспектор – раководител на смена во полициската станица за граничен премин Стење.

Целата статија на МКД.МК

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ