(ВИДЕО) Нови пожари беснеат низ Амазонија

СПОДЕЛЕТЕ

Стотици нови пожари продолжуваат да ја пустошат амазонската прашума во момент кога расте меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот”.

Судбината на најголемата тропска шума на планетата, која веќе со денови ја проголтуваат пламени е во фокусот на самитот Г7, што се одржува во францускиот Бијариц.

Според последните официјални податоци, од јануари 2019 година во областа на Амазонија се забележани дури 78.383 пожари, што е рекорден број од 2013 година откако за тоа се води евиденција.

Експертите велат дека уништувањето на шумите е забрзано со дефорестацијата, расчистувањето на земјиштето во текот на повеќемесечната сушна сезона за да се направат услови за земјоделски култури или пасишта.

Повеќе од половина од пожарите горат низ Амазон, а според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петок избувнале нови 1663.

Новите податоци се дадени откако Болсонаро пред еден ден го овласти распоредувањето на војската да се бори против пожарите и да се спречат криминалните активности во регионот.

Пожарите предизвикаа бес на глобално ниво, при што во петокот во Бразил и Европа протестираа илјадници повикувајќи „Спасете ја Амазонија“.

Претходно оваа недела, Болсонаро за пожарите ги обвини невладините организации, сугерирајќи дека тие намерно ги започнале откако им било скратено финансирањето.

Видео

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ