Стефан во вистинска смисла на зборот гладува, живее без струја – моли за помош

СПОДЕЛЕТЕ

Покрај неговата болест која му го отежнува животот, триесетгодишниот Стефан Ивановиќ, кој има церебрална парализа, води уште една битка, војува со неизвесноста и суровиот начин на преживување.

Темнината во неговиот дом дополнително му го комплицира животот, струјата му е исклучена поради неплатен долг од околу 4.000 евра. Несигурно и нестабилно се движи и низ животот, гладен преживива со околу 4.000 денари кои ги добива од Центарот за социјални работи, како туѓа нега. Од неодамна живее сам, неговата мајка која имала гангрена на прстите и била згрижена во Геријатрија, починала пред неколку недели.

Тој ги моли институциите да му дадат еднократна помош и не губи надеж, верува во човечноста и добрите дела на луѓето дека ќе го извлечат од дното во кое што се наоѓа. Стефан задоцнил да ги обнови документите за туѓа помош и во вистинска смисла на зборот гладува, а здравствената состојба му се влошува

И соседите колку што можат му помагаат, но велат дека не можат да му ја дадат потребната поддршка.

Стефан кој боледува од церебрална парализа има спазми на долните екстремитети и отежнато одење, верува дека ќе се исправи пред сите предизвици што му ги носи животот.

Стефан Ивановиќ има 30 години и боледува од церебрална парализа. Отежнато се движи поради контрактури на долните екстремитети. Постои можност за третмани во Москва за подобрување на неговата состојба со терапија на матични клетки.

Првиот третман чини 22 000 евра, кои тој не е во можност да ги обезбеди.

Да помогнеме сите заедно !!

Телефон за контакт: 072 512- 457

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ