Home 365 Денес Заев: Ќе тужам!

Заев: Ќе тужам!

0
Заев: Ќе тужам!

Откако на интернет порталот „Инфомакс“ беше објавен исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството во врска со случајо0т „Рекет“ и околу тоа како бил уценуван од Бојан Јовановски и Зоран Милески од септември 2018 до април 2019, во кој се споменува и името на Зоран Зев, се огласи премиерот кој најаву туѓба за клевета за новинарот кој го објавил текстот:

„Прво ја повикувам Јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот кој е направен дали е тоа така.

Второ, ќе тужиме затоа што тоа не е точно“, рече денеска во Прилеп премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира исказот на Орце Камчев даден со извештај во Обвинителството, а објавен во еден од порталите синоќа.

„И ден денес стојам на тие ставови. Сакам да биде објавено. Апсолутна обврска е на Обвинтелството да објави дали е тоа така. Јас како што видов има една страна од записник, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Ги охрабрувам новинарите да истражуваат, да доловат се што е важно за јавноста, но не да прават манипулации, за што има одговорност.

Лично јас, а верувам и Шекеринска, Димитров, Ременски и сите што се спомнати таму ќе ги повикам да поднесеме заедно тужба за клевета и таму да се отворат документите и на јавноста да кажеме дека тој што го напишал лаже“ рече Заев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here