Геро: Кој и зошто се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата „Рекет“?

Јавното обзнанување на записникот од исказот на бизнисменот Орце Камчев пред обвинителката Вилма Русковска за аферата „Рекет“ е сериозен фаул врз истрагата. Настрана фактот што само по себе е скандал протекувањето документи од обвинителството чија задача е да ги открива организираниот криминал и високата корупција. За тоа очекуваме жолти и црвени картони во оваа институција. Но, се наложува и потребата од малку посериозна анализа на мотивите за ова обзнанување, особено сега, во периодот кога по притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, истрагата влегува во нејзината најделикатна фаза.

Патем речено, би сакал да укажам и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата. Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата „Рекет“ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шеќеринска, од Фросина Ременски и од другите. Оваа канонада со право ќе се протолкува како закана врз слободата на изразување и затоа е подобро веднаш да престане. Доста беше резилење.

Првата претпоставка за мотивот зошто исказот на Камчев е обелоденет во јавноста се крие во коментарите на медиумите што го сторија тоа. Имено, главната теза е дека исказот на Камчев е директна потврда за вмешаноста на премиерот Зоран Заев и на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска (покрај поситните „риби“ од политичката бара) во скандалот. Не сум сосема сигурен кој ја промовира оваа теза, бидејќи не можам да го видам интересот на опозицијата, на пример, да се обиде на ваков, прилично неубедлив начин, да ги исфрли водечките личности на владејачката партија во преден план.

Не би сакал да се разбереме погрешно, ниту некој да помисли дека им „попувам“ на колегите што се определиле да влезат во една ваква авантура, или на опозиционерите кои можеби мислат дека дошле до крунскиот доказ за вината на Заев и на Шеќеринска. Имено, тезата за нивната „вмешаност“ во скандалот е сосема легитимна. Како што е познато, јас и самиот отворено пишував за нагласената политичка одговорност и на Заев и на Шеќеринска, но и на други личности од врвот на СДСМ, за промоцијата и за политичката поддршка на царството на рекетот на осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева. Но, факт е и тоа дека не најдов цврсти индиции за кривично-правна одговорност на Заев, на Шеќеринска и до сега и на Ременски, во врска со оваа афера. Кога би имал такви уверливи индиции, не би се воздржувал јавно да ги обелоденам. На тоа ме обврзува мојата веќе прочуена „суета“, а немам ни посебна причина да се секирам за нервозата на нашиот хиперсензитивен и кон новинарите нагласено нетрпелив премиер (освен кон своите пулени, се разбира).

Целата статија ТУКА

- Реклама -