Симпатична средба од едно старо убаво Скопје (ВИДЕО)

И како после да не нè фаќа носталгија за некогашното Скопје, кога сите снимки што ги гледаме и сите приказни што ги слушаме зборуваат за едно време каде луѓето не се бавеле со афери, влади, опозиции, туку со симпатии, љубови, пријателства и другите слатките маки на животот?

Еве уште едно такво видео од една симпатична средба од тоа време. Бивши љубовници ли се, некогашни најдобри другари што одамна не се виделе, или можеби едниот на другиот му е симпатија – само тие си знаат. Во секој случај, видео од еден убав момент, за какви што во денешно време нема простор во вестите, особено во нашава ни земјичка.

ПС. Се работи за сцена од документарецот „Скопје ’63“ за скопскиот земјотрес, на Вељко Булајиќ.

 

- Реклама -