Однесувањето на таткото влијае врз целото семејство

СПОДЕЛЕТЕ

Социолозите често ја нагласуваат улогата на татковците во семејниот систем и како нивните постапки влијаат врз амбиентот во кој расте детето.

Едно од најважните влијанија на таткото во семејството е како се однесува со мајката на своите деца. Децата го гледаат однесувањето на таткото кон семејството и подоцна своите односи ги градат на идентичен начин. Многумина не знаат, но односот помеѓу мајката и таткото многу влијае врз односите помеѓу мајката и децата. Поради оваа поврзаност, родителите што имаат цврста и квалитетна врска се добри родители.

Деца на разведени родители

Статистиката за бројот на деца што не живеат со своите татковци станува загрижувачка. Ова е многу лошо затоа што резултатите покажуваат дека децата се поуспешни, посамоуверени и социјално поодговорни ако растат со двајца родители. Сепак, ова правило не важи во сите семејства со еден родител.

Психолозите предупредуваат дека децата се жалат дека им недостига родителско внимание бидејќи отсуствува фигурата на таткото. Татковците што не живеат со своите деца се помалку достапни и во можност за негување на децата, водење на училиште и сл.

Во случај на развод, некои мајки им го ограничуваат времето на децата што смеат да го поминуваат со своите татковци, што не е добро. Интересен е и податокот дека татковците што имаат вонбрачни деца често повеќе им викаат отколку оние што биле во брак, па се развеле. Наспроти овие недостатоци, разведените татковци би требало да се потрудат што повеќе време да поминуваат со децата.

Децата што остануваат во контакт со татковците и после разводот постигнуваат подобри резултати на сите полиња. Затоа мајките би требало да попуштат и да им дозволуваат на татковците да помагаат околу децата и домашните задачи, да ги водат во училиште и да имаат одговорност кон нив.

Да се биде татко и да се биде родител не е исто

За жал, сè поголем е бројот на татковци што после разводот од сопругата се разведуваат и од своите деца. Не плаќаат алиментација, ги викаат децата само за викенди, па ни тогаш, или обврските околу нив ги извршуваат попатно, колку да се рече дека ги направиле.

Ги има и такви што и понатаму се во брак, но не им посветуваат доволно време на своите деца. Мајката не може да ја замени улогата на таткото, никој не го може тоа, и затоа децата со татковци „на хартија“ чувствуваат огромна празнина и трпат болни последици доколку не пронајдат адекватна замена за татко, а тоа е оној маж што на детето ќе му биде вистински татко.

Сепак, тука се и оние прекрасни татковци што ја разбираат важноста на својата улога. Ќе ги препознаете на улица додека ги шетаат бебињата во количка, ги носат децата за рака или на рамена, ги чешлаат своите ќерки, си играат со нив и пред сè ги почитуваат, ги сакаат и внимаваат на нивните мајки!

Извор

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ