Домороден поглавар за пожарите во Амазон: Ќе ја дадам и последната капка кpв за оваа шума (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Додека страшните пожари во Амазонската прашума голтаат површини од еден и пол фудбалски терен во минута (според МИА), припадниците на автохтоното бразилско племе Мура се колнат дека до последна капка сила ќе ја бранат својата земја, односно природата.

Амазонската прашума со право ја нарекуваат „белите дробови“ на светот; Не само што задржува/складира голема количина јаглероден диоксид (CO2) и со тоа го забавува глобалното загревање, туку и обезбедува 20% од целата залиха на кислород на планетата.

Притоа во Амазонската прашума живеат околу 1 милион домородни жители, и тоа покрај околу 3 милиони видови растенија и животни.

Во срцепарателната репортажа на BBC, еден од поглаварите на домородното племе го потенцира тој факт: „Ова е уништување. Ако треба ќе ја дадам и последната капка кpв за оваа шума. Ова е ужасно пустошење. Гледате како животите (на дрвата) залудно исчезнуваат онаму. Сите тие дрва имаа животи. Сите тие имаа потреба да живеат, секое на своето место. Луѓето сакаат да ги уништат уште повеќе. Нашите напори се да ја заштитиме оваа област, природата, дрвата и животните“.

„Низ годините продолживме да даваме отпор овде, кога немаше пристап со пат, кога пристигна електричната енергија, кога се случија инвазиите (на почвата). Со секој изминат ден гледаме повеќе уништување на шумата, инвазија врз почвата и сеча на дрва. Тажни сме бидејќи шумата yмиpa постојано. Чувствуваме дека се менува климата. На светот му треба шумата. Нам ни треба, на нашите деца им треба“, вели Handech Wakana Mura, уште еден поглавар на племето.

- Реклама -