Има видео снимка и документирани повpeди, нема обвиненија против Нефи Усеини за нaпaдoт врз професорот Илјази

Професорот Илјаз Илјази, иако откако беше натeпaн од озлогласениот советник Нефи Усеини видливите повpeди и отоци на главата ги потврдил со лекарски извештај, а случајот уште првиот ден го пријавил и во полиција, при што доставил и видео снимка, засега не знае до каде е случајот, бидејќи никој во меѓувреме не го контактирал и не го известил.

Како што објави „А1он“, пак, Основното јавно обвинителство во Охрид сè уште нема ни отворено нов предмет против Усеини, иако од нaпaдoт помина речиси еден месец, a во полициската станица веднаш биле испрашани и сведоците на настанот. Оттаму, велат,  сè уште не примиле известување, ниту пак кривична пријава од страна на СВР Охрид. 

Во меѓувреме, обвинение против Усеини не е покренато обвинение ниту за инцидентот во кој го нaтeпа својот колега Џемал Мена, пред повеќе од два месеца, а јавнообвинителска одлука нема ниту за нaпaдoт врз инспектор од Скопје, пред повеќе од пет месеци. Целата статија со повеќе детали  прочитајте ја ТУКА.

Неодамна, пак, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја објави првата епизода од својот серијал „Локални шерифи“, посветена токму на советникот од Советот на Охрид од редовите на ДУИ. Повеќе за серијалот и за „Биографскиот филм“ на ИРЛ за Усеини – ТУКА.

- Реклама -