Од симбол за правда и мир, симбол за рекет?

СПОДЕЛЕТЕ

Кривичниот суд доцна синоќа и одреди 30-дневен притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.

Вмешаноста на Јанева во аферата „Рекет“ каде како првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски, ја наметна дилемата, дали падот на Јанева значи и пад бастионот на Шарената револуција, Специјалното јавно обвинителство. Многумина коментираат дека Јанева не е СЈО и дека нејзините постапки нема да влијаат врз имиџот на ова обвинителство. Всушност и самите обвинители од СЈО, се оградија од својата шефица и нагласија дека делата кои ги водат против поранешната власт, произлезени од „бомбите“, нема да паднат во вода.

КОЈА Е КАТИЦА ЈАНЕВА?

Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија. Студирала на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година. Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител. Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители

На 15 септември 2015 година на острана на Собранието на Република Македонија едногласно е избрана за специјален јавен обвинител кој ќе раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Како што премиерот Зоран Заев во една прилика изјави дека Господ го избрал и го црпнал од нива во Муртино, слично може да се каже и за Катица Јанева. Неа можеби Господ не ја избра, но ја избраа лидерите на политичките партии согласно Пржинскиот договор. Во трка за позицијата шеф на СЈО беа многу истакнати и реномирани правници, но Јанева ја црпнаа од Гевгелија, ја поставија на чело на новото Специјално обвинителство кое најави бескрупулозна борба против криминалот и корупцијата на поранешната власт на Никола Груевски.

Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, станаа симбол на Шарената револуција, ударната тупаница со која се сруши режимот на Груевски.

Со месеци десетици илјади луѓе протестираа на улиците. Демонстpaциите започнуваа пред зградата на СЈО во Скопје. Многу луѓе носеа маички на кои се прикажани Јанева, Фетаи и портпаролката Ристоска.

Би-би- си во статија, трите обвинителки ги нарече Чарлиеви ангели , страв и трепет за сите

НЕСИГУРНИ ЈАВНИ НАСТАПИ

Јанева со своето прво јавно појавување на Телевизија 24, предизвика бројни коментари и критики. Прво, за нејзиниот несигурен настап, а особено внимание привлече нејзината гардероба, познатата црна чипка. По избивањето на аферата „Рекет“, на социјалните мрежи некои дури и искоментираа, дека чипката била првиот знак за кариерата на Јанева.

 

Целата статија ТУКА

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ