Јоци: Знаеш ли, мори, Катице, колку те сакавме?

СПОДЕЛЕТЕ

Не ја жалам Катица Јанева.

Имала лош ден !? Не, рагаци мацедонише, она имаше добра карта, имаше 4 кеца у рука, а потоа извадила лоша карта од рукав – пошо сакала 5 кеца на маса. Ко најлош покераш, од оние кои не знаат да станат од маса.

А, не е дека не го знае мотото – не се лоши оние кои губат, него оние кои сакаат да си го вратат изгубеното.

Ко највечи пацер, ко примитивец, ко шестоодделенка, ко дете кое се лигави пред шеќерна волна, ко тинејџерка избрана на матурска од 10 мажи, а она ги бира сите 10 и ги гази со потпетица на танц….Ко кралица која ја турка круната на маса со гозба и најскапи вина и бара леб со маст и алова пиперка, за да се засити.

Што ли те заситува ?

Нема да го кријам разочарувањето. Не можам дури ни да го наречам така. Би го нарекла велепредавство.
Знаеш ли, мори, Катице, колку те сакавме ?

Не знаеш, знам, пошо не знаеш ни што е тоа ! Не ни знаеш да вратиш љубов на сите оние кои те обожуваа ко Исус, ко слика на Моне, ко јужноафрикански дијамант од 621 грам.

Се сликав со тебе, нек ти прости Бог, ја не.

Дури ни еден опскурен Кјубрик не би смислил вакво сценарио – сињора Катица во Шутка. А, требаше да биде обратно – Шутка не ти бега, Никола.

Иди у курац ! Слободно !

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ