ПАНЧЕВСКИ: БЕЈЛИ УТРЕ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА ПОГРЕБОТ НА МАЈКАТА НА ЈАНЕВА

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски кој е осуден за мобинг по тужбата што ја поднесе против него Горан Стаменковски, се огласи за случајот „Рекет“.

Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС ситемот. Обвинителството за случајот со електронското распоредување на судските предмети до кривичниот суд поднесе обвинение, каде судијата Панчевски е единствениот осомничен напиша на Фејсбук:

Ех мистер Бејли молчеше за криминалите, ги поддржуваше, не одговори на моето писмо за криминалниот претрес и упадот во судството, слеп беше за тортурите врз Македонскиот народ и Македонската држава, се тоа го правеше со парите на даночните обврзници на САД, отчет еден ден ќе мора да дадеш и ти!

- Реклама -