(ФОТО) Визит-картата на градоначалничка на една Битола, северно од Македонија

И додека одредени пратеници имаа потешкотии да го запаметат новото име на државата сè до стапувањето во сила на Преспанскиот договор кој го гласаа (а можеби и потоа, не нè фаќајте за збор), одредени институции имаат проблеми со новото име дури и шест месеци по стапувањето на сила на договорот. Поконкретно, со преводот.

Фотографијава, како што тврди „Офф.нет“, е од визит-картата на битолската градоначалничка Наташа Петровска. Освен што наместо „Republic of North Macedonia“ напишано е „Republic North of Macedonia“, згрешен е и зборот „општина“ – наместо „municipality“, пишува „mynicipality“…

- Реклама -