Костадинов: Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината

Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност.

Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ.

Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев:

Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде?

Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.

Фејсбук статус на Костадин Костадинов

- Реклама -