(ВИДЕО) Најмалата внука на Гоце Делчев: “Да знаат Македонците, Гоце и неговата фамилија се посветени само на Македонија”

Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

„1946 година ги баравме своите права. Сега по толку години сум среќна дека правда дојде. Среќна сум што дојдов во градот каде му служев на Ченто. Некогашен пријател на татко ми беше Павле Шатев, со кого 1944 година се најдовме во 12 Македонска народна бригада“

Во јавноста е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање било ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји разговараат за историјата.

“Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да умре за својата земја и токму тоа и се случило.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот револуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој.

- Реклама -