Русковска се врати од одмор и се огласи за “Рекет”

СПОДЕЛЕТЕ

Обвинителката Вилма Рускоска се врати од годишен одмор, продолжува една од најголемите истраги покренати од ОЈО наречена „Рекет.“ Од обвинителството за гонење на криминал и висока корупција велат дека во наредниот период поради обемната истрага нема да даваат било каков вид на одговори пред камера. Сите информации ќе ги дистрибуираат во јавноста преку е-маил.

Од таму додаваат дека нема да информираат кои лица се повикани или се во план да дадат исказ.

Во текот на вчерашниот ден на пет часовен распит беше повиката Лиле Стефанова. Таа е прв обвинител од СЈО која како што рече сведочела за „Рекет“ и поврзаноста со предметот „Имперја“.

Следен на распит е повикан Бурим Рустеми кој се очекува да ја разјасни наводната злоупотреба на службената положба на Јанева околу овозможување на близок пријател Сашо Василевски, тогашен директор на МЕПСО, да купи стан во Скопје, кој наводно намерно го изоставила од имотот кој бил замрзнат во истрагата за „Поштенска банка“. Според извори на ТВ21, Рустеми ќе зборува и за евентуалните влијанија на Јанева врз истрагата за „Поштенска банка“.

Прва за влијанието на Јанева врз дел од истрагите на СЈО, проговори обвинителката Лиле Стефанова.

На ова барање од Јанева, се спротиставиле Лиле Стефанова и Бурим Рустеми по што изготвиле писмени извештаи во кои покрај сумата за штета, ги навеле и можните затворски казни.

Случајот „Рекет“ е еден од најголемите во кој со пари пробувало да се купи слобода во институцијата која кај граѓаните влеваше надеж за враќање на правната држава.

Видео

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ