Милошоски објави врз основа на која дијагноза Јанева добила боледување (ФОТО)

СПОДЕЛЕТЕ

„Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме“, пишува на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, кого владејачката СДСМ го нарекува „дезинформатор кој ги срами граѓаните и државата“, заедно со објавената на фотографија на која се гледа, како што тврди, причината, односно дијагнозата поради која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева замина на боледување.

Од приложеното, Милошоски истакнува дека Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16. јули до 15. август 2019 година. Боледувањето било дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48). Засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работоспособност на јавната обвинителка, тврди Милошоски, додавајќи дека ваквите дијагнози се најтешки за контрола и вештачење. Според него, таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси. Постот ТУКА.

 

- Реклама -