Шефот на ФБИ: Русија планира да се меша во изборите во САД

Русија има намера да се вмеша во изборите во САД и покрај санкциите и другите напори на САД да се натера Москва да се откаже од таквата идеја, рече директорот на ФБИ –  Кристофер Врај, на сослушувањето пред Комитетот за правда на американскиот Сенат.

„Русите апсолутно имаат намера да се обидат да се вмешаат во нашите избори и да влијаат на кампањата“, рече Врај во сведочењето на ден пред сведочењето на Роберт Милер – поранешниот Специјален обвинител, кој требаше јавно да сведочи пред Конгресот околу својата долгогодишна истрага за руското мешање во кампањата за претседателските избори во САД во 2016-та година, односно за соработката со Русија во претседателската кампања на Доналд Трамп.

„Не ли ги одврати од таа идеја сè она што досега направивме? Сите санкции, сите разговори, и сè уште продолжуваат тоа да го прават?“, праша претседателот на Комитетот – републиканскиот сенатор Линдзи Греам.

„Да. Сметам дека не сме ги одвратиле доволно сè додека не запрат“, одговорил Врај.

- Реклама -