Погледнете како изгледа Ван Дајк покрај највисокиот кошаркар во НБА (ВИДЕО)

Во претсезоната европскиот фудбалски шампион Ливерпул се сретна со голем број европски клубови, а додека се подготвува во САД, на гости им помина и НБА руки центарот на Бостон Селтикс – Сенегалецот Тако Фол.

Ова немаше да биде вест ако Фол не беше највисокиот играч во НБА. Иако Сенегалецот не беше избран на драфтот, Селтикс го вклучија во тимот на летната лига, каде дечково забиваше без да отскокне.

И тоа немаше да биде така забавна вест ако при оваа средба Фол не застанеше рамо до рамо со ѕидот во одбраната на Ливерпул – Вирџил ван Дајк – епитет за кој во голема мера се заслужни и неговите 193 сантиметри.

Понатаму претпоставувате што ќе се случи, нели? Фацката на ван Дајк кога ќе го види Фол зборува сè. За секој случај, тој додаде и коментар: „Што? Овој двајцата ќе нè изеде за доручек“.

Клоп, пак, се обиде на шега да го такса Фол за нов напаѓач, притоа споредувајќи го со легендарниот Питер Крауч (со неговите „само“ 201 сантиметар).

 

 

- Реклама -