Ќе даде ли Катица Јанева конечно изјава? Новинари ја чекаат пред СЈО, дознава „Алсат“

СПОДЕЛЕТЕ

Како што дознава „Алсат“, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појавила во просториите на СЈО. Засега детали нема, но пред влезот на СЈО веќе се собираат новинарски екипи.

Денеска, патем, Обвинителството соопшти дека бил пронајден и вториот мобилен телефон на обвинителката:

„По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше“, соопшти Обвинителството (повеќе ТУКА).

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ