Реакција на Героски за изјавата на Заев дека Македонците краделе туѓи истории: Ова вака не го личи

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката ТВ Алфа, во кое тој изјави дека Македонците (преку политичарите „превземале“ светска, балканска и туѓи историја како своја, е само последно во низата настани што во последниов период бурно ја брануваат македонската јавност, особено на друштвените мрежи.

За ова последново, збор-два напиша и новинарот Бранко Героски, во моментот една од клучните фигури во расветлувањето на скандалот со случајот „Рекет“. Героски, додуша, е нешто поблаг, па му порачува на премиерот Заев да си го среди изборот на зборови:

„Е jeби га, друже Заев. Читав дека пред некој ден во кабинетот сте правеле стандарди и некаков ред. Што е паметно. Ама во тој ред спаѓа и обврската сериозно да си го средиш вордингот. Најди со писмен и пристоен спич-врајтер, човек што може да ти помогне. Да не бидам погрешно разбран, јас не сум заинтересиран. Ама има паметни помлади дечки што можат да ти помогнат. Оти вака не го личи“, му порачува Героски на премиерот.

„Со обидот да се промени и извитопери целата наша историја, со превземањето на светска, балканска и туѓа историја – како наша, и без водење грижа како тоа ќе влијае кај соседите, се предизвика состојба да буквално бидеме скарани скоро со сите соседи со коишто сме опкружени, но истовремено ги затворивме и сите процеси на нашата интеграција во Европската унија и НАТО“, рече премиерот во интервјуто на „Алфа“.

 

- Реклама -