Home Од прва рака Државата се празни, младите со билети во еден правец за Германија

Државата се празни, младите со билети во еден правец за Германија

0
Државата се празни, младите со билети во еден правец за Германија

Северна Македонија се празни. Жителите велат дека тешката економска состојба ги принудува да одат на печалба. На релација Скопје – Берлин автобусите се преполни. Само во петокот од Скопје тргнаа 5 автобуси. Ова е Хесат Беџети од Желино кој купил билет во еден правец за Германија.

ХЕСАТ БЕЏЕТИ, ЖИТЕЛ НА ЖЕЛИНО:

Одам во Германија, во градот Росток.

Н – Зошто?

За работа.

Н – Зошто, овде нема работа?

Има работа но нема плата, треба да работам само за струја и за децата.

Н – Колку време чекавте за виза?

Визата ја имам веќе три години и не чекав многу бидејќи тогаш беше уште почеток кога ги даваа.

Н – Одиш за подобар живот?

Секако, што да се прави.

Н – Заедно со другарите?

Сите овие ми се другари од селото. Многумина заминуваат.

Хесат со другарите тргна. По 26 часа пат, тие пристигнаа во Берлин, Германија.

„Ние стигнавме во Берлин, по 26 часа пат, се надеваме сега да одиме на работните места и да се смириме малку. Ве поздравувам ТВ21. Сакам да ги поздравам политичарите, многу ја зголемија невработеноста, вака ја зголемуваат невработеноста“, вели Хесат Беџети – жител на Желино.

Прашавме и неколку други граѓани во врска со иселувањето. Повеќето од нив велат дека само во тоа гледаат решение.

Многу места низ Македонија се празнат. ТВ21 одлучи да посети едно од нив. Отидовме во Слупчане, Липково. По пат едвај забележавме дека има луѓе. Еден жител рече дека само последниве 2 месеца си заминале околу 200 лица.

„Слушнав дека над 200 лица си заминале, помалку или повеќе, не ми е јасно. Но според тоа што го кажуваат младите, над 200 лица си заминале, селото е испразнето. Недостига најважниот фактор на селото, а најголем дел од нив си заминаа“, изјави Селајдин Шахини – претседател на локалната заедница во Слупчане.

И туристичките агенции, во Куманово велат дека е зголемена побарувачката на билети за Германија.

Во декември минатата година, германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих истакна дека секој ден има од 70 до 80 апликации за виза во нивната амбасада. Според него, за земја како што е Северна Македонија, ова е многу голема бројка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here