Раванија: сочен колач со гриз и ореви кој го правеше баба ми

СПОДЕЛЕТЕ

Старински, најубав сочен колач…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 1.ТЕСТО:

5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици гриз
2,5 лажици брашно
70 г чоколадо рендано
200 г мелени ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 2.ТЕСТО:

5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици гриз
2,5 лажици брашно

ЗА ШЕРБЕТ:

750 г шеќер
800 мл вода
1 лимон

ПОСТАПКА:

За првото тесто, добро изматете ги јајцата и шеќерот. Додавајте ги по ред и останатите состојки, па сето добро промешајте го да се соедини.

Во намастен и набрашнет плех 22х37 излејте го тестото и печете на 200 степени 10-тина минути, колку само да се запече.

За тоа време изматете ги јајцата со шеќер за второто тесто, додадете брашно и гриз па соединете. Излејте врз полупеченото тесто и допечете го колачот.

Сварете сируп од шеќер, вода и лимон исечен на тркалца (не долго, неколку минути). Со врел сируп прелијте го врелиот колач.

Наросете одозгора со мелени ореви.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ