Јас сум капетанот што последен ќе го напушти бродот

Новинарот и уредник, Александар Чомовски, во неговото денешно гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, по повод последните настани со случајот „Рекет“ каде осомничен е Бојан Јовановски – Боки 13, кој се претставува како сопственик на 1ТВ, рече оти последен ќе го напушти медиумот.

– Јас сум капетанот што последен ќе го напушти бродот – рече Чомовски, кој во разговор со новинарот Столе Наумов додаде оти ако треба и светлото ќе го изгасне.

Но, Чомовски кажа и оти останува во телевизијата со младите новинари, да се бори за да се спаси медиумот.

– Не се откажувам, имам исконска потреба од нешто што згаснува да создадам нешто ново – рече новинарот.

Целата статија на Plusinfo.mk

- Реклама -