Што значат братучедите за децата?

СПОДЕЛЕТЕ

Братучедите имаат многу важна улога во животот на децата. Тие често се нашите први пријатели. Луѓето со кои растеме. Децата со кои се собираме и дружиме на Божиќ, за родендени, година по година.

Банката на мемориите на децата со нивните братучеди може да биде многу голема ако родителите поминат време помагајќи им да ги негуваат овие посебни семејни врски, овозможувајќи им на нивните деца да се дружат со братучедите надвор од вообичаените годишни собири.

Токму во тие моменти братучедите можат вистински да се запознаат едни со други. Тоа е време кога нивната врска може да расте и да процвета. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку попосебен ќе стане нивниот однос, а во подоцнежните години нивната врска ќе има важно место во нивното срце.

Братучедите може навистина да придонесат за семејната динамика, особено ако детето нема братче или сестриче. Многу играње, собири за време на училишните распусти, преспивања. Учење и растење заедно. Ја делите истата крв. Растете со истите луѓе околу вас. Имате слични животни искуства и во суштина имате исти придобивки како да имате брат/сестра, но не мора да живеете со нив.

Дури и ако ова не е случај и детето има брат/сестра, братучедите често се сметаат за брат или сестра што сте сакале да ги имате. Во текот на животот, кога ќе пораснете, братучедите често се поблиски со вас отколку вашите брат/сестра.

Од родителска перспектива, веројатно им верувате на братот/сестрата повеќе отколку на кој било друг. Знаете дека кон вашето дете ќе се однесуваат исто како кон сопственото. Знаете дека ако вашиот брат/сестра се грижи за нив, вашите деца ќе бидат сакани.

Како што растете, братучедите се тука за вас. Кога ќе тргнете на училиште, постариот братучед ќе се грижи за вас – познатото лице често дава утеха и пријатност.

Братучедот е некој што ги знае твоите тајни. Некој што те охрабрува и секогаш ти посакува најдобро. Природно е и убаво да се биде околу луѓе што имаат слични интереси и слична смисла за хумор.

Понекогаш далечината физички ве разделува. Можеби имате обврски или сте се преселиле – но ако еднаш сте обезбедиле силна врска, братучедите имаат способност да продолжат онаму каде што застанале. Далечината не влијае врз врската што ја имаат братучедите.

„Нашите корени велат дека сме братучеди. Нашите срца велат дека сме пријатели“ – Непознат.

„Братучедот е мал дел од детството што никогаш не може да биде изгубен“ – Непознат.

Извор

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ