Милчин до Адеми: Како не ти е срам?

СПОДЕЛЕТЕ

Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?

Професорот Владимир Милчин денеска жестоко реагираше на интервјуто за Радио Слободна Европа на министерот Едмонд Адеми според кој „хистеријата“ околу заштитата на охридскиот регион не ја прави владата.

„Ние сме хистеризирале? Не, министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам? – напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Деновиве Владимир Милчин неколку пати реагираше за настаните околу заштитата на Охридскиот регион и пуштањето во употреба на нелегално изградениот објект.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ