Премиерот Заев нема да биде министер за финансии, но ќе раководи со ресорот

СПОДЕЛЕТЕ

Со доцнење од повеќе од 1 час започна седницата на која ќе се гласа по разрешувањата на старите и избор на новите министри во Владата, кои се дел од долгонајавуваната реконструкција на истата.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање го потврди она што „Плусинфо“ го објави пред почетокот на седницата; Имено, премиерот најави дека пуштено е барање за повлекување на предлогот тој да биде новиот министер за финансии.

Заев истакна дека Уставот и Законот за Влада го дозволуваат тоа, но порача дека ќе ја послуша опозицијата, експертската јавност, но и Антикорупциска, која посочи дека според Законот за спречување на кopyпција и cyдир на интереси, премиерската функција е неспоива со други јавни функции.

Во писмото што ДКСК го испрати до претседателот на Собранието – Талат Џафери, се цитира делот од членот 72 став 1 од наведениот закон, во кој пишува:

„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, cyдија, јавен oбвинитeл, јавен пpaвобранител, народен пpaвобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или opганите на локалната самоуправа, се неспоиви една со друга“.

Сепак, Заев истакна дека поради тоа што Уставот и Законот за Влада тоа го дозволуваат, тој сепак ќе раководи со ресорот финансии до избор на новиот министер.

- Реклама -