Мајка со неверојатни рефлекси: Погледнете како го спаси детето (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Снимката од безбедносната камера во компаниска зграда во Колумбија за кратко стана вирална на интернет, а во главна улога е одличната реакција на една мајка која само на момент го тргна вниманието од своето мало дете. Настанот се одвива на четвртиот кат, а како што може да се види од снимката, малиот клекнува до оградата на скалите, веројатно за подобро да види нешто надвор низ прозорот, но во истиот момент губи рамнотежа и паѓа меѓу решетките.

„Какво ФАЌАЊЕ. Мајка на годината“, пишува Твитер корисникот што го објави видеото.

Твитер како Твитер, веднаш ја обвини мајката за „запocтавување“ на детето затоа што зборувала на телефон, иако од снимката јасно се гледа дека таа ни за момент не го испушта детето од вид. Други го обвинуваат одговорниот за поставување на оградата, бидејќи според нив меѓу решетките требало да има стакло. Според нив, детето мислело дека има стакло и тргнало да се потпре.

Меѓутоа, повеќето сепак се согласни дека овие што критикуваат немаат појма што зборуваат, инаку ќе знаат дека мало дете може во секој момент да изгуби рамнотежа, особено кога клекнува. Согласни се и околу констатацијата во најавата на видеото – дефинитивно мајка на годината.

 

- Реклама -